Македонија 30. август 2020. / 13:24

Јанушев: Оваа влада е „Топ шоп“, може повеќе и подобро

Јанушев: Оваа влада е „Топ шоп“, може повеќе и подобро

Игор Јанушев, генералниот секретар на ВМРО-ДПМНЕ во денешната дискусија во Парламентот, повторно упати остри критики кон владата и ја нарече топ шоп влада која само нуди нови производи.

Ги обвини за многуте афери кои ги имаат, тендерите и лажните ветувања. Заев го нарече топ шоп мандатар. Упати и критики кон Шекеринска и ја обвини дека во нејзин мандат, половина Армија заболела од кронавируст, на што наиде на бура од смеење од пратениците.

Јанушев не штедеше остри зброви и за Заев и неговите ветувања, но и за Филипче. Обајцата ги обвини за афери.

Три години го слушаме како ветува и секоја година е така, вложување во култура и во истиот момент кога за културните работници нема плата, рече Јанушев.

Како треба јавноста Филипче да ве нарекува со 600 мртви? – праша Јанушев.

Тој се осврна и на пропаѓање на Еуростандард банката.

Еуростандард пропаѓа, а нашиот топ шоп мандатар ветува економија. – рече Јанушев.

Јанушев ја обвини Шеќеринска дека половина Армија во нејзин мандат  заболела од коронавирусот, на која забелешка се насмеаја многу од пратениците.

Три години го слушаме како ветува и секоја година е така, вложување во култура и во истиот момент кога за културните работници нема плата. А додека Еуростандард пропаѓа, нашиот Топ Шоп мандатар ветува економија – рече Јанушев.