Генералниот секретар на ВМРО-ДПМНЕ и носител на листа во ИЕ3, Игор Јанушев, испрати благодарност до лекарите и медицинските работници за целосната посветеност во борбата со корона вирусот.
Јанушев им порача дека по изборите ќе следува обнова на здрваствениот систем која ќе донесе подобри услови во здравството, онакви какви што заслужуваат и медицинскиот кадар и граѓаните,
Здравствениот систем се соочува со сериозен предизвик веќе неколку месеци наназад. Им благодариме на лекарите и на медицинските работницит за целосната посветеност во борбата со корона вирусот.
Ветуваме #обнова која ќе донесе подобри услови во здравството, онакви какви што заслужуваат и медицинскиот кадар и граѓаните – порача Јанушев.