Македонија 16. септември 2020. / 16:35

Јанушев најави нов протест на ВМРО-ДПМНЕ за утре во 18 часот

Јанушев најави нов протест на ВМРО-ДПМНЕ за утре во 18 часот

Игор Јанушев за утре најави нов протест на ВМРО ДПМНЕ

-Мафијата направи 40 илјади невработени за 5 месеци;
-историски пад на БДП од 12.9%;
-прават трговија со Делчев,
-земјоделците ги донесоа на питачки стап …

Протестираме и ќе продолжиме. Капакот на сѐ е поскапата струја која гризе од стандардот на сите. Затоа продолжуваме да протестираме против поскапата струја која носи сиромашен народ.

Во четврток, во 18.00 часот, протест на ВМРО-ДПМНЕ со автомобили кој ќе започне пред паркингот на спортската сала “Борис Трајковски”, по булеварот Партизнски одреди, до пред Регулаторната комисија која делува како продолжена рака на СДСМ и Заев.

Поскапа струја, сиромашен народ.

Се гледаме!, напиша Јанушев на Фејсбук.