Нели се чувствуваш понижено што членуваш во Влада која дава пари за СЈО, ручеци и патувања, а нема за маски за доктори? Ова прашање му го поставува генералниот секретар на ВМРО-ДПМНЕ Игор Јанушев на министерот за здравство Венко Филипче.
Во продолжение следува неговиот Фејсбук статус:
-Не сакам да влегувам во полемика со Филипче, но човек просто по било која цена не може да премолчи кога министер платен од граѓаните отворено лаже и манипулира.
Затоа ќе го прашам – Венко кога последен пат си бил во посета на докторите и здравствените работници во главните жаришта!?
Еве ќе ти кажам тие што зборат – нема маски, нема опрема и тие се снаоѓаат кој како знае!
Венко, си ги отворил ли форумите каде доктори и медицински сестри молат за помош од луѓе кои рачно изработуваат маски!?
Нема заштитна опрема во болниците, лекарите се облечени како педијатри во нормално време, а не како лекари во ек на пандемија од заразен вирус кој го “сврте” светот за неполн месец.
Доколку имаа заштитни скафандери, визири, хируршки маски и ракавици, зошто тогаш имаме над 80 заразени доктори и здравствени работници!? Сакаш ли да кажеш дека е нивна грешка што се заразиле или пак ти и владата не им обезбедувате средства за работа!? Јас ти тврдам дека е второто.
И на крај кога сме кај грешките, еве и да сакам да те бранам Венко нема ниту еден аргумент за тоа. Што направи во кризата? Презема ли некој одговорност за Цаца, за случајот во Охрид, во Велес, за тоа што во Куманово дури и по признание на вашиот градоначалник сеуште нема помош, иако со денови се укажувало на тоа.
И ова не е политика, туку човечко укажување на пропустите. И нели се чувствуваш понижено што владата од која си дел дава пари за компромитираното СЈО, за ручеци, ама не и за маски на доктори кои се заразуваат.
На крај, немој случајно да помислиш дека сме заборавиле на касарната што ја изгради на Водно на имотот на твојот директор на хируршки, но и на военото профитерство, за ова ќе зборуваме во друга прилика, по кризата … сега треба да се спасат човечки животи“!, напиша Јанушев.