Генералниот секретар на ВМРО-ДПМНЕ, Игор Јанушев од посетата во Македонска Каменица вели дека граѓаните најмногу се жалат на иселувањето, особено иселувањето на младите, меѓутоа и она што е забележливо особено последните 2-3 години е дека се иселуваат и буквално цели семејства без разлика на возраста, едноставно луѓето си бараат подобар живот, нешто што во Република Македонија со оваа криминално-рекетарска власт го немаме.
–Но, исто така овде во Македонска Каменица луѓето зборуваат и за реалните проблеми односно ветувањата и манипулациите кои што ги прават не само од централната, така и од локалната власт бидејќи буквално ништо не е реализирано, ниту патот до рудникот „Саса“ е направен како што ветуваа, ниту е отпочнато со работа индустриската зона што и те како ќе дадеше една инекција за целиот овој регион во однос на вработувањата и на тоа да луѓето ги мотивираме да останат во нашата држава. Меѓутоа не е ништо направено и во однос на санација на градинките, училиштата и се она што го имаа како дел од изборната програма – истакна Јанушев.
Одговарајќи на новинарско прашање за тоа дека во Македонска Каменица се наоѓа една од најпрофитабилните компании, а граѓаните се иселуваат, Јанушев посочи дека живееме во едно време во едно општество каде што едноставно никој не сака дополнително да вложи, никој не сака да го прошири бизнисот бидејќи гледа во какви услови живееме.
–Сите оние афери кои што излегоа првично почнувајќи од аферите во однос на земањето на рекет, целиот овој криминал што го гледаме, што се случува доведе до една ситуација каква што имаме денеска. Меѓутоа ги охрабрувам граѓаните бидејќи ова е нешто што го имаме, што завршува за многу брзо и имаме речиси еден месец од денеска до формирањето на техничката влада која што ќе треба да се погрижи спроведувањето на изборите на 12 април да поминат во најдобар ред – изјави Јанушев.
Тој додаде дека атмосферата секаде е иста а тоа е дека оваа власт на Заев паѓа.
–Колку се во голем очај, колку се во една ситуација каде што буквално веќе не знаат како да изманипулираат и на кој начин со граѓаните како да ги излажат. Видовме една несреќна изјава вчера на премиерот Заев, па така сакам денеска да му порачам дека да општеството е мултиетничко, општеството е мултикултурно, меѓутоа денеска од Македонска Каменица порачуваме дека ние сме Македонци кој што живеат во Република Македонија и тоа не може ништо да го смени – вели Генералниот секретар на ВМРО-ДПМНЕ.