Македонија 26. јануари 2020. / 12:45

Јанша за пишувањата на „Ла верита“: Изборни измами на премиерот сакан од ЕУ

Јанша за пишувањата на „Ла верита“: Изборни измами на премиерот сакан од ЕУ

По информациите за изборни нерегуларности во Македонија, што ги објави новинарот Ларис Гајсер во италијанскиот весник „Ла верита“, на твитер се огласи лидерот на десничарската Демократска партија во Словенија и поранешен словенечки премиер Јанез Јанша.

Јанша ја споменува и европарламентарката Тања Фајон и лидерот на словенечките социјалисти Дејан Жидан, нарекувајќи го Заев „близок пријател“ на оваа двојка.

Јанша додава дека за овие луѓе и опцијата што ја застапуваат „победата на фер избори никогаш не била опција“ и дека тоа е така е во Словенија, Романија, Малта, а ете и во Македонија.

– Досието со изборни измами во Македонија на премиерот сакан од ЕУ – напиша Јанша.