Поранешната министерката за внатрешни работи, Гордана Јанкулоска во интервју за 24 ТВ изјави дека да се организира бегство воопшто не е едноставна операција.
– Од искуството кое го имам стекнато во мојата професионална кариера слободно можам да кажам дека да се организира ваква операција не е воопшто лесно, особено не да се преминат две граници, од кои една е земја членка на Европската Унија. – истакна Јанкулоска.
Таа додаде и дека воопшто не го оправдува потегот на поранешниот премиер Груевски и смета дека бегството не претставува никакво решение.