Поранешниот главен и одговорен уредник на телевизијата „24“, Огнен Јанески на социјалните мрежи реагира на последната изјава на премиерот Зоран Заев во која вели дека нема да дозволи еден суетен новинар и еден „педер“ да го симнат од власт.
Заев изјавата ја даде на одбележувањето на 18 години од Охридскиот мировен договор.
„Криминалци, еден суетен новинар, и да те извини ЛГБТ-заедницата, и еден “педер”? Оооо… Боже Господе! Страхотно!
Многу педерски премиере, многу педерски. Ајде сега, зградата на Владата во боите на виножитото да ја обоите, сосе јавно извинување и потпишано со пенкало на суетен новинар, „час поскоро”.
P.S. А замисли, да беше Ром, или Албанец, или со некаков физички недостаток или со попреченост, на местото на Боки?, напиша Јанески.