Јанчев вели дека тој вчера не присуствувал на седницата на Извршниот комитет на партијата и дека гласал телефонски. „Колку што знам, само јас бев против ставот на партијата граѓаните, членството, сами да одлучат како ќе постапат на 30 септември. Јас сметам дека ВМРО-ДПМНЕ мора да има прецизен став, за бојкот или за излегување на референдумот. Вака топло-ладно не ѝ личи на партијата“, вели Јанчев.
На прашањето за неговиот став во однос на Спогодбата со Грција, Јанчев одби да го коментира тој документ и рече дека наскоро ќе го каже својот став.
Од партиски извори МКД.МК дознава дека веќе подолго време има одредена нетрпеливост меѓу претседателот на партијата Христијан Мицкоски и потпретседателот.
Јанчев вели дека наскоро ќе информира за неговите наредни потези.