Митко Јанчев, градоначалник на општина Кавадарци шокира со изјавите откако во вчерашното гостување во емисијата „Во Центар“ со Васко Ефтов, рече дека денот кога станал потпретседател на ВМРО-ДПМНЕ го частел пијачка Вице Заев, братот на премиерот Зоран Заев во Бугарија Банско.
–Тоа е во Банско, дента кога станувам потпретседател на партијата и ние како македонско ткиво кое бевме во Банско седнувам и ги частам пијачка, им велам јас станав потпретседател напијте се нешто, вели Јанчев.