Македонија 27. јануари 2021. / 17:10

Израелскиот амбасадор го демантира Заев: Да не се заборави убиството на над 7000 Евреи предадени во договор со бугарските окупациони сили

Израелскиот амбасадор го демантира Заев: Да не се заборави убиството на над 7000 Евреи предадени во договор со бугарските окупациони сили

Во текот на Втората светска војна беа убиени над шест милиони невини деца, жени и мажи Евреи. Меѓу нив и 7.144 македонски Евреи кои своите животи ги загубија во логорот на смртта Треблинка, истакна денеска  Дан Оријан, Израелскиот амбасадор во Македонија  во својот текст по повод 27 јануари, денот на сеќавање на холокаустот над Евреите.

Ако постоеше државата Израел во 1943 година можеби сѐ ќе беше поинаку. Доколку тогаш имавме држава, судбината на 7144 македонски Евреи предадени во договор со бугарските окупациони сили можеби ќе беше поинаква, вели Оријан.

Денеска и во Македонија е одбележан 27 ми Јануари денот на жртвите од Холокаустот . Aмбасадорот на државата Израел во Република Македонија, Дан Орион, вели дека добро е што Македонија има музеј на Холокаустот, но смета дека тој треба да биде поотворен и послободен во покажувањата на злосторствата за време од холокаустот, како и да продолжи да функционира и за време на пандемија.

Инаку, Премиерот денеска на Фејсбук објави пост по повод Денот на Холокаустот и сеќавањето на еврејските жртви во Втората светска војна.

Но, премиерот во во објавата „заборави“  да напомене кој ги депортираше македонските Евреи во дворот на Тутунскиот комбинат во Скопје и оти тоа го направи тогашниот бугарски окупатор. Заев се плаши и да го спомене името „бугарски“ во ситуација кога од Борисов зависи дали ќе почнеме преговори со ЕУ.

На овој ден, и на секој друг, да повторуваме „Никогаш да не се заборави, никогаш да не се повтори” и да ги чуваме спомените и на нашите 7.200 сограѓани кои од Скопје, Битола и Штип, во вагоните на смртта беа депортирани во Треблинка, во Полска-напиша Заев.