Македонија 29. мај 2019. / 12:17

Изгласан предлогот за одземање на мандатот на Груевски, од ВМРО-ДПМНЕ не гласаа

Изгласан предлогот за одземање на мандатот на Груевски, од ВМРО-ДПМНЕ не гласаа

Со пет гласа „за“ Комисијата за мандатно имунитетни прашања го изгласа предлогот да му биде одземен мандатот на пратеникот во бегство, Никола Груевски, по основ дека е неоправдано отсутен повеќе од шест месеци.

Расправата траеше само половина час и само неколку пратеници се јавија за збор, без поголема дискусија.

Пратениците од ВМРО-ДПМНЕ не гласаа ниту „за“ ниту „против“ за предлогот, а не беа ниту воздржани.

Предлогот сега треба да се најде на пленарна седница каде парламентот ќе донесе одлука дали да му биде одземен мандатот на Груевски. За тоа да се случи е потребно двотретинско мнозинство.