Ријасетот ќе ги задолжи сите свои структури, органи,институции како и своите вработени да бидат во постојан контакт со муслиманските верници во земјата, да ја објаснат историската пресвртница што ќе произлезе од нивното масовно гласање за интегрирање на Македонија во структурите што се гаранција за мирот, заедништвото и перспективата на земјата и општеството во целост.
Нашиот глас за ќе ги отстрани засекогаш целите на одредени партии и разни структури што ја целат власта за да демонстрираат политичка, верска и етничка супериорност. Македонија во НАТО е крај за ретрогардните цели, за безнадежноста и за уништувањето на нашата заедничка Македонија, се вели во соопштението по повод денешната седница на ријасетот на ИВЗ.