Македонија

Иванов му одговори на Борисов – еве што му порача

Иванов му одговори на Борисов – еве што му порача

Претседателот Ѓорѓе Иванов денеска со сопругата е во посета на Бугарија, каде се сретна со бугарскиот претседател Румен Радев.

-Ние сме Македонци и тоа ќе останеме и не можеме да бидеме ништо поинаку. Ние сме тука да го чуваме континуитетот, тој што има проблем со името, тоа е негов проблем и треба да си бара решение, истакна Иванов.

На новинарско прашање во врска со откажувањето на средбата со премиерот Бојко Борисов, Иванов одговори:

-Тоа е негова одлука и негова одговорност. Со овој негов гест тој зазема страна, Борисов не е само премиер на Бугарија туку и Претседавач со ЕУ. Европската Унија апелира за дијалог, а некој бега од него, изјави претседателот Иванов.