Претседателот Ѓорге Иванов денеска треба да се сретне со министерот за надворешни работи, Никола Димитров, кој што треба да го брифира шефот на државата за тековните разговори за името.
Претседателот Иванов вчера соопшти дека не прифаќа решение за името за севкупна употреба.
„Ставот на претседателот Иванов е принципиелен, а воедно и конзистентен со ставовите на сите досегашни претседатели на Република Македонија. Тој став е дека претседателот Иванов не прифаќа решение за прашањето за името за севкупна употреба или ерга омнес“, соопштија од Кабинетот на претседателот на Република Македонија.