Искинато е платното со кое беше прекриено 16 кракото сонце од Кутлеш на хотелот „Престол“, кој се наоѓа наспроти хотелот „Гранит“ каде е сместен шефот на грчката дипломатија Никос Коѕијас.
На социјалните мрежи Охриѓани бурно реагираа на ваквиот чин поради тоа што се работи за објект кој е во приватна сопственост.
Ваквиот „чин на добра волја“ не е прв, бидејќи при последната посета на Коѕијас на земјава, на 22 март, грчкиот протокол пронајде проблем во продавницата за македонски вина.