До крајот на идната недела се очекува претседателот Стево Пендаровски да го објави составот на својот тим. Како дел од него, во јавноста се споменува и името на професорката Ана Чупеска-Станишковска од Правниот факултет „Јустинијан Први“ , која отворено застана зад кандидатурата на Пендаровски и го поддржуваше во јавните настапи. Чупеска-Станишковска во интервју за „Лидер” вели дека се засега се е на ниво на шпекулација, нема никаква информација за составот на новиот кабинет, но уверена е дека Пендаровски ќе го направи вистинскиот избор на своите соработици. Смета дека соработниците нема да ги избира според блискоста туку според потребите!
За најавената ,,метла’’ на Заев, Чупеска-Станишковска смета дека таа мора да заигра. Да се тргне пред се од таму каде има непотизам, нетранапарентност, некомпетентност и незаконитост. Но, истовремено не треба да се заборават и раскомотените локални власти.
Сепак уверена е дека политиката на Пендаровски и Заев е успешна и води кон реформската агенда на земјата и на стратешките приоритети на земјата.
Застанавте зад кандидатурата на Стево Пендаровски. На изборната конвенција во Скопје уверувавте дека тој е вистинскиот човек во вистинското време, тој е претседател каков што заслужуваме. Пендаровски го доби највиското државничко место. Според Вас кои се првите чекори кој треба да ги направи?
Сеуште верувам во ставот што го изнесов на Конвенцијата, убедена сум дека достојно, професионално и педантно ќе за извшува функцијата ПРСМ.
Како што најави и самиот тој, најпрво ќе ги деблокира законите кои со месеци чекаа указен потпис за проглас а кои се од дирекна важност за живот на граѓаните на РСМ; фактот што прв официјален гостин му беше Жбогар говори и за приоретизирање на Европската Агенда односно сугерира дека ќе ги адресира и реформските приоритети. Уште поспецифично, оние кои се во негова надлежност ,имено разузнавањето и реформите поврзани со тоа. Дополнително, помирувањето и обединувањето на граѓаните во насоска на реализација на политиките Едно Општество За Сите ќе бидат генерален курс на движење.
Дали вашата „блискост” со Пендаровски ќе ви обезбеди и место во претседателскиот кабинет?
Напротив, познавајќи го толку многу години, повеќе ми се чини дека мојата „блискот” со Пендаровски би била евентуална пречка за мој формален ангажман во Кабинетот одошто предност. Пендаровски, соработниците нема да ги избира според блискоста туку според потребите, т.е. тимот што има намера да го екипира ќе биде заснован на таа основа, а не блискост и така е исправно. Во таа смисла, јас немам никакви очекувања од него. Се додека споделуваме исти сваќања за правецот на државата , независно од тоа дали ќе бидам формално ангажирана или не во Кабинетот ,како и до сега така и понатаму со задоволство ќе соработувам со него.
Доколку станете дел од тимот на Пендаровски со што може да придонесете и да ја подобрите работата на претседателот?
Немам никакви информации за составот на Кабинетот. Оттука, не би ги коментирала шпекулациите во медиумите. Мислам дека тоа е непристојно.
По две години откакао СДСМ и колицијата раководат со државата, и новоизбраниот претседател е од редовите на власта. Што би значел ,,двоецот” Заев-Пендаровски? Унапредување на државата и поголема соработка, или полесен начин на „протнување” на закони од тесно-партиски интерес?
Мојот впечаток е дека ќе соработуваат на начин што е во најдобар интерес на граѓаните. Не гледам причина некој да протнува нешто во што не верува или на пример што не е во интерес на реформската агенда на земјата и на нашите стратешки приоритети.
Иако Стево Пендаровски ги доби изборите, сепак изборната карта беше ,,црвено” обоена. Премиерот Заев овие избори не ги доживеа како триумф. Ваше мислење, зошто само по две години народот се засити од владеењето на Заев, иако речиси две ипол години жестоко се бореше да ја симне од власт политиката на ,,режимот”?
Впечатокот е донекаде оправдан бидејќи голем дел од енергијата беше посветена на стабилизација и нормализација на земјата и нејзино позиционирање како рамноправен субјект во меѓународните односи, а по долгогодишната изолација. Но, да не заборавиме еден ноторен факт исто така, а тоа е деструктивноста на опозицијата во поглед на реформската агенда и уцените кои се пласираат во врска со тоа.
Најсвеж пример е СЈО. Во услови, каде опозицијата не е заинтересирана за овие приоритети, многу поспоро ќе можеме да осетиме видливи резултати, за жал.
Слично, се чини дека некои од локалните власти малку се раскомотиле, па оттука и таквиот резултат. Поентата е дека резулатот е индикативен и предизвикан од повеќе фактори, а според најавите на власта, се чини дека пораката е прочитана и сериозно земена в предвид со цел подобрување на состојбите. Сепак, за реформската агенда и евроатланските аспирации нужно е сите сили да бидат спрегнати , независно од тоа дали се естаблишмент или не.
Премерот Зоран Заев ја најави ,,метлата” за чистка во своите редови и смена на кадри кои не одработиле во интерес на граѓаните. Се споменуваат имиња на министри, министерот Манчевски пак најави и „чистакa” во администрацијата која седи дома а прима плата, а се вртат и имиња на градоначаллници на кои ќе им биде наложено самите да ја напуштат функцијата. Според Вас од каде треба да се почне?
Немам директен увид во работата на министерствата и локалните власти за да кажам од каде да се тргне. Еднствено можам да кажам дека мора да заигра таа метла и да се тргне од секаде каде има непотизам, нетранапарентност, некомпетентност и незаконитост.