Доколку ВМРО-ДПМНЕ победи на изборите на 15 јули, никако нема да дозволи да се реализира стремежот на СДСМ, историската фигура Гоце Делчев да биде дефинирана како бугарска – одговори во интервју за „Лидер“ кандидатот за пратеник од опозициската ВМРО-ДПМНЕ, Тимчо Муцунски.
Во предизборната трка Муцунски ја претставува опозицијата во изборната единица 1 и во главниот град преку промоција на модерни политики сака да ги освои симпатиите на граѓаните.
Со Муцунски разговаравме на повеќе прашања поврзани со економијата, програмата на ВМРО-ДПМНЕ и условите во кои се одвива предизборната кампања.
-Тоа никако нема да го дозволиме. Јас верувам во регионална соработка и верувам дека Македонија треба да има одлични релации со своите соседи, но тоа треба да биде на принципиелна основа која што треба да значи взаемна почит. Ние живееме во 21 век, тоа значи дека треба да зборуваме за дигитализација, за економска соработка, за инфраструктура. Во 21 век ние да дискутираме за комисии кои што прават ревизија на историја, на образование, на археологија, на историски личности, кога треба да имаме борба на умови за да ги движиме нашите земји и нашата целокупна цивилизација напред, замислете ние дискутираме кој бил Гоце Делчев. За мене Гоце Делчев бил и ќе остане Македонец кој се борел за самостојна и суверена Македонска држава. Тоа не може никој да го промени и нема субјект кој што може од надвор или од дома да тој мој личен став но и ставот на мојата политичка партија. – вели Муцински.