Македонија 18. јануари 2021. / 18:23

Инспектори со полиција влегоа во куќата на лекарот што ја оперираше родилката од Дебар

Инспектори со полиција влегоа во куќата на лекарот што ја оперираше родилката од Дебар

Со асистенција на полицијата, инспектори на Државниот санитарен и здравствен инспекторат попладнево влегле во куќата на лекарот и директор на струшката болница, доктор Мухамед Асани, потврдуват за Слободен печат од инспекторатот.

„Бидејќи во тек е стручен надзор, во овој момент не можеме да споделуваме информации со јавноста”, велат оттаму.

И од МВР потврдуваат дека нивни екипи асистирале во операцијата, но зошто била потребна нивната асистенција, со каква цел било влегувањето во домот на докторот засега не се открива.