Во исказот на еден бизнисмен од источна Македонија, Никола Димитров се споменува како човекот кој меѓу првите добива информација дека во земјата се организира огромна рекетаркска операција за која знаеле во врвот на владата, но не и самиот министер до тој момент, пишува новинарот на „Инфомакс“, Александар Митовски, кој објави записник во кој открива дека и Димитров знаел, но не реагирал за случајот „Рекет“.
Како што пишува Митовски, бизнисменот, кој се занимава со производство на вино (најчесто за извоз), во својот исказ како сведок во Обвинителството објаснува дека Димитров во еден момент му се јавил на телефон и се обидел да го повика во министерството за да разговараат. Бизнисменот одбил. Никола Димитров наместо да пријави, молчел.
Во периодот октомври, ноември 2018 година лицето ……. …………. адвокат од Штип, со телефонски број 070/2………………, кој ми е и кумашин и воедно правник на моите компании „Е….“ ми пристапи и ми кажа дека бил на средба во телевизијата на Бојан Јовановски „1ТВ“, и ми раскажа што се случило, бил повкан таму, помислил во својство на адвокат дека ќе пружа адвокатски услуги на телевизијата, но бил видно изненаден кога состанокот, сопственикот на телевизијата Бојан Јовановски почнал разговор за мене, како јас сум имал проблеми со СЈО и дека доколку сакам да ми биде полесна ситуацијата да платам два милиони евра, вели сведокот на крајот на првата и почетокот на втората страница од записникот од испрашувањето, водено од Вилма Русковска.
Според Митовски, бизнисменот е и конзул на на Латвија, земја чие знаме беше по грешка ставено за пречекот на Австрискиот канцелар Себастијан Курц во Македонија, токму во овој период.
Инаку, адвокатот на состанокот со Бојан Јовановски бурно реагирал, прашувајќи го дали тоа од компанијата на бизнисменот се бара рекет. На ова, Боки Тредичи одговорил потврдно, објаснувајќи дека ако тоа не го направат – ако не исплатат два милиони евра – бизнисменот ќе има поголеми проблеми во врска со предметот „Поштенска банка“, открива „Инфомакс“.
Тој, Тредичи понатаму објаснувал дека знае дека адвокатот има пристап до сметките на бизнисменот и дека треба што побрзо да се реши ова нивно барање за рекет. Откако одбиле, бизнисменот добил посета од истражители на СЈО во неговата компанија но и обвинение за случајот.
За да го убеди во сериозноста на тоа што го зборува, Бојан Јовановски го запознал адвокатот на бизнисменот и со синот на Катица Јанева, Лазар Јанев инаку тогаш вработен како маркетинг директор во телевизијата „1ТВ“ но и единствен вработен во „БМЈ Медиа Груп“ заедно со таткот на Боки Тредичи и Јасна Мандиќ.
Испуштив да кажам дека додека …… бил во просториите на 1 ТВ и разговарал со Бојан Јовановски, Бојан повикал некое лице кое влегло и се запознало со …….. и Бојан кажал дека тоа е синот на Катица Јанева. Како точно било ќе ви каже …… ………. затоа што јас ова го знам по негово кажување,вели бизнисменот од источна Македонија во својот исказ на втората страница од записнкот, некаде на средина на страницата.
После ова, вели бизнисменот во исказот, Бојан се обидувал преку разни луѓе да стапи во контакт со него, но безуспешно. Сепак, бизнисменот бил исплашен од ситуацијата која се одвивала во државата бидејќи во тој период Катица Јанева била многу моќна – според кажувањата на бизнисменот – а бил отворен и предметот „Империја“ по кој во притвор завршиле бизнисмените Орце Камчев и Цветан Панделевски и други бизнисмени. Ова го исплашило бизнисменот, кој одлучил да го информира амбасадорот на земјата на која е почесен конзул, пишува порталот.
Јас веќе 12 години сум почесен конзул на Латвија и за ова што ми се случува усмено го известив амбасадорот кој е нерезидентен амбасадор за Македонија, а во тоа време беше амбсадор во …. Тој го информирал министерот за надворешни работи на Република Македонија Димитров, кој преку неговиот кабинет побара да се видат со мене. Јас не остварив таква средба од причина што не сакав таков срам јавно да излезе, тоа не би било добро за целата држава, вели бизнисменот во своето сведочење, на втората страница од записникот, при крајот на страницата.
Бизнисменот во својот исказ дополнува дека по ова јавување од кабинетот на МНР Димитров се одлучил да ги исклучи мобилните телефони и да замине во Бугарија, во Банско на два месеци за да се сокрие од притисокот кој го чувствувал.
Целиот текст на Инфомакс можете да го прочитате ТУКА.