Македонија 14. февруари 2021. / 10:38

Имунизацијата почнува од среда, први ќе се вакцинираат лекарите

Имунизацијата почнува од среда, први ќе се вакцинираат лекарите

По изјавите на премиерот Зоран Заев и претседателот на Србија, Александар Вучиќ изјава за медиумите имаше и министерот за здравство Венко Филипче. Тој најави дека вакцинацијата во државава ќе почне во среда со здравствените работници.

– Вакцините се веќе на пат да бидат сместени во соодветните фрижидери. Во текот на утрешниот ден ќе започне процедура во Агенцијата за лекови, по што ќе може да започне и процесот на имунизација. Тоа ќе биде во среда, а први вакцината ќе ја примат здравствените работници, најави Филипче, изразувајќи благодарност за донацијата од Србија.

Србија денес донираше 4.680 дози вакцини кои, како што рече премиерот Заев, солидарно ги споделува со нашата држава и кои се поддршка додека не стигнат вакцините кои се нарачани.