Поранешниот премиер Зоран Заев иако веќе два месеци не е на функцијата сепак се уште ги користи државните ресурси кои не му следуваат како претседател на СДСМ.
Тој на вечерашната дебата со претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски, дојде со државни возила, како и со обезбедување, кое му следува како премиер, но не и како претседател на СДСМ.
Од присутните во телевизијата, кои посведочиле за порталот Вечер, со Заев биле присутни и советници од владата на Република Македонија, чиј опис на работно место е во влада, а не придружба на лидерот на СДСМ.
Користењето на државните ресурси во форма на возила, обезбедување и советници е класична злоупотреба на државни ресурси во партиски цели од страна на Зоран Заев и СДСМ.