Македонија 05. февруари 2021. / 10:53

И во Бугарија ќе се гледаат македонски телевизии

И во Бугарија ќе се гледаат македонски телевизии

Од март сателитскиот канал Бугарската национална телевизија – БНТ 4, освен преку операторот А1, ќе се реемитува и на „Макс ТВ“, на Македонски телеком,  а сателитскиот канал на МРТ ќе се реемитува на бугарските телевизиски оператори,  објави вчера телевизија Телма.

Според инфомациите на телевизијата се чека и завршување на процедурата околу документацијата за три до четири приватни македонски телевизии за реемитување во Бугарија.

Според Телма, месецов се очекува ректорот на Софискиот универзитет, придржуван од неколку декани, во Скопје да го посети универзитетот Св. Кирил и Методиј, но и други универзитети, за да се договара размена на професори, но и на студенти уште од следната учебна година.