Главна тема на социјалните мрежи вчера беше веста келенерите ќе станат семејни детективи, кои ќе утврдуваат дали сте во роднински врски со луѓето со кои сте седнале да испиете некое кафе, тоа го зијави директорот на Државниот пазарен инспекторат, Стојко Пауновски.
Тој кажа дека угостителите ќе бидат одговорни да бараат и лични карти од гостите, за да видат дали се од исто семејство, а со тоа, да ги сместат на маса со четири столици.
Контролата е насочена на кафетериите и оние кои вршат угостителска дејност. Дали лицата се две или четири на маса е одговорност на оние кои вршат угостителска дејност. Од нашата свест и совест ќе зависи дали мерките ќе одат на олеснување. Протоколите се донесени за да ги спроведуваат угостителите и тие се одговорни да бараат лични карти и да даваат соодветни места на оние кои ќе дојдат кај нив, па согласно тоа ќе преземаат мерки. Келнерот, односно газдата ќе ги спроведува протоколите, а не инспекторите, ние вршиме контрола кај угостителите, рече Пауновски.
И тука започна циркузот на социјалните мрежи каде луѓето почнаа д апоставуваат смешни и апсурдни прашања да ја доловат апсурдноста и глупоста од една вака мерка.
Мислителите ги разгледаа ли опциите: Можам да бидам во брак и да не го носам презимето на маж ми. Може да имам деца со партнерот, а да не сме во брак. Може сум во врска со родител кој е самохран, а живееме во заедница, стои во еден коментар на Фејсбук.
Дури и Фросина Ременски од врвот СДСМ која до пред некој месец беше член на Централниот одбор и на Извршниот одбор на СДСМ, јавно се поубуни против мерката келнерите да станат семејни детективи која ја донесе Владата на СДСМ.
Келнер или сопственик на локал може да побара лична карта од лице само ако се сомнева дека станува збор за малолетник кој нарачува алкохол ! Во ниту еден друг случај ! Со протокол не може и не смее да се доделува овластување на лица кои не се со закон овластени да легитимираат граѓани !
Со вака доделеното овластување за легитимирање и идентификација на лица и релации (сродство) со протокол можат да се прекршат повеќе права на граѓаните за цели кои можат да бидат непознати !Мора да се преиспита и да корегира ова, напиша Ременски на Фејсбук вчера.
Досега ваква мерка со која Владата од келнерите ќе прави семејни инспектори да утврдуваат семејни врски и стебла, нема на ниту едно место во светот. Дали келнерите ќе употребуваат детектор на лаги ако брачен пар седне на ручек во некоја кафана и каде сопрруата ќе има различно презиме од својот сопруг? Или брачниот пар освен новчаник и мобилен ќе треба да носат со себе и венчаница односно извод од книгата на венчаните.