Македонија 20. ноември 2018. / 13:07

И Рама и Тадиќ купиле автомобили како на Груевски, но не се гонат кривично

И Рама и Тадиќ купиле автомобили како на Груевски, но не се гонат кривично

Поранешниот премиер Сали Бериша во емисијата „5 прашања од Бабарамо“, ги стави на иста линија албанскиот премиер Еди Рама и поранешниот премиер Никола Груевски.

Бериша се изјасни дека исто како Груевски и Еди Рама, купил автомобил за иста цена како на поранешниот македонски премиер, кој Груевски го чинеше две години затвор.

– Зошто е осуден Груевски, знаете ли? Дека увезе Бенз, исто како Рама за себе. Кога Рама стана премиер, тој имаше автомобил, но не совршен. Подоцна си купи уште еден за себе, како Груевски. Тој го доби и автомобилот кој беше наменет за делегацијата. Па пред една и пол година си купи уште еден со иста цена како на Груевски. Идентичен со иста цена си купи и Рама. Дали му направи чест за заеднички криминал на Груевски? Е за ова треба да го прашаме лично Еди Рама, рече Бериша.

Во понеделникот вечерта и актуелниот српски претседател Александар Вучиќ во гостувањето на популарната емисија „Кирилица“ на телевизијата Хепи, зборуваше меѓу другото и за обвинувањата на вмешаноста на Србија во заминувањето на поранешниот македонски премиер во Унгарија.

„Груевски треба да оди во затвор, нели… Истиот ’мерцедес бенц’ го набавил Тадиќ, за истите пари.. Тука се потписите на директорот на БИА, на генералниот секретар на владата… Без јавна набавка, преку БИА, за истите пари за 600.000 евра. Зарем сега треба јас или надлежниет органи да го гониме Тадиќ да оди во затвор… Па тоа возило остана на државата“, рече Вучиќ.

Притоа српскиот претседател запраша како би реагирала Европа кога српските власти сега би го осудиле Тадиќ на две години затвор за идентична набавка на идентично возило, но истакна дека притоа не е направена противправна материјална полза.

Поранешниот претседател на Србија во 2010 година набави блинидран „мерцедес“ за кој српските власти платија 600.000 евра.