Автопатот до грчка граница најверојатно ќе биде завршен кон крај на август. Во моментов се работи на патот од Неготино кон Демир Капија. Проблематични се уште 2 км на кои с ејавило свлечиште.
Не само нови патишта, туку и поголема безбедност е цел на државата. Сите автопати во наредниот период ќе бидат покриени со радари. Во моментов такви радари има само на автопат Демир Капија Смоквица и резултатите се поразителни. Во новите тунели се вози и по 180 на час. Ќе се подига и свеста кај возачите за да се поправи црната статистика.
На денешната конференција за безбедност на патиштата констатирано е дека освен што треба да се вложува во рехабилитација, треба да се подигне и нивото на прокетирање на патните правци, но и да има поголема контрола и казни за несовесните возачи.