Македонија 25. октомври 2018. / 12:51

И официјално Тодоров исклучен од ВМРО-ДПМНЕ

И официјално Тодоров исклучен од ВМРО-ДПМНЕ

Општинските комитети на ВМРО-ДПМНЕ во Карпош, го исклучија од партијата поранешниот висок функционер, Никола Тодоров. Решението доаѓа по едногласната одлука на ЦК на ВМРО-ДПМНЕ.

Поранешниот министерот за здравство Никола Тодоров бараше да биде повикан и ислушан од дисциплинската комисија во Карпош, но не доби таква шанса.

Претходно, од општинскиот комитет во Центар беше исклучен од партијата ексдиректорот на Управата за безбедност и контраразузнавање Сашо Мијалков.