Македонија 01. ноември 2018. / 13:38

И официјално, Македонија има најзагаден воздух на континентот: Европа го запали црвениот аларм

И официјално, Македонија има најзагаден воздух на континентот: Европа го запали црвениот аларм

Во својот извештај, European Environment Agency со право загадувањето на воздухот го нарекува „тивок убиец“. Во извештајот се порачува дека е крајно време да се прогласи „црвена тревога“, односно да се превземат сите можни мерки за санирање на состојбата.

По некоја логика тоа посебно би требало да важи за Македонија, затоа што сега и официјално сме прогласени за земја со најзагаден воздух на европското тло.