Македонија 16. May 2019. / 12:57

И Најчевска жестока кон Богоевски: Сакам пратеници со чисти глави, а не со пола грам мозок!

И Најчевска жестока кон Богоевски: Сакам пратеници со чисти глави, а не со пола грам мозок!

„Функциите носат привилегии, мора да носат и ограничувања“, пишува професорката Мирјана Најчевска во статус на нејзиниот Фејсбук профил, со што се вклучи во дискусиите околу скандалот со пратеникот Павле Богоевски кој се обиде да го опртавда купувањетго „на црно“ на – што и да било тоа.

Најчевска смета дека сите пратеници и високи функционери во власта треба барем два пати годишно да бидат проверени за употреба на психотропни супстанци.

– Јас лично сум за леализирање на марихуаната и еден сосема поинаков пристап кон консумирањето на психотропни сусптанци, меѓутоа, во Собранието сакам луѓе со чисти глави.
Јас исто така мислам дека треба да има и тестови за општа интелегенција.

Навистина ми е преку глава од ‘народни претставници’ со пола грам мозок кој не можат да соберат 2+2, а камоли да разберат што пишува во законските предлози за кои дигаат рака. – напиша Најчевска.