Македонија 22. октомври 2018. / 14:00

И Ѓорчев го поддржа Мицкоски: Заедно продолжуваме понатаму, Македонија ќе победи

И Ѓорчев го поддржа Мицкоски: Заедно продолжуваме понатаму, Македонија ќе победи

И пратеникот Влатко Ѓорчев ја изрази својата поддршка за претседателот на ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски.

Поддршка за претседателот Христијан Мицкоски, за ВМРО-ДПМНЕ и Македонија.

За Македонија и ВМРО никогаш немало лесни времиња. Напротив, тоа е тешко бреме, но каузата е благородна, а ја носат храбрите, упорните и силните.

Заедно продолжуваме понатаму, Македонија ќе победи – напиша Ѓорчев на Фејсбук.

Претходно и пратеникот Антонија Милошоски ја изрази својата поддршка за Мицкоски.