Македонија 16. март 2020. / 12:44

И ДУИ поддржува одложување: Потребна ни е победа над вирусот, а не изборната победа

И ДУИ поддржува одложување: Потребна ни е победа над вирусот, а не изборната победа

Демократската унија за интеграција преку соопштение објави дека поддржуваат одложување на изборите закажани на 12 април поради пандемијата на коронавирус.

– Изборите и кампањите се последни на нашата агенда на приоритети, затоа што ги ставивме сите наши човечки, интелектуални, институционални капацитети во служба на победа во заедничката битка против вирусот. Сега, потребна ни е победа над вирусот, а не изборната победа. Ќе се справиме со изборите и кампањата откако ќе ја надминеме оваа закана за сите нас, се вели во соопштението на ДУИ.