Македонија 29. ноември 2019. / 22:00

Хуманитарна помош за Албанија од студентите на Универзитетот во Тетово

Хуманитарна помош за Албанија од студентите на Универзитетот во Тетово

Студенскиот парламент при Универзитетот во Тетово информира дека нивна делегација го посетила градот Драч, најпогоден од последниот земјотрес во Албанија и доставила хуманитарна помош собрана на универзитетскиот кампус.

Облека, средства за хигиена, пакувања со храна, ќебиња и друго се оставени во Главниот штаб за итни случаи во Драч.

-Воедно собрани се финансиските средства од околу 6.000 евра, со доброволни прилози на студентите и академскиот кадар при Универзитетот во Тетово. Парите ќе бидат доставени преку единствената државна адреса што е веќе креирана од албанската Влада за таа цел, информираат од Студенскиот парламент при УТ.

Вчера, Сенатот на Универзитетот во Тетово на седница одлучи да донира 10 илјади евра како помош за семејствата погодени од земјотресот во Албанија.