Лидерот на ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски, потврди дека пред да се гласа за изборот на ДИК, опозицијата бара најпрво да се донесат законите за финансирање на партиите и за Влада. Според Мицковски, финансирањето на партиите и техничката Влада биле договорени уште во март.
„Не смееме да го гледаме прашањето на ДИК како издвоено прашање, напротив прашањето на избор на ДИК мора да се гледа како целина со претходните закони кои што опозицијата заедно со Владата ги донесоа, а тоа се оние реформски закони кои што значеа позитивна препорака за отпочнување на преговори со Европската Унија. Во тој синџир кој што тогаш го договоривме беше носење на закон за финансирање на политичките партии, но исто така и формирање на техничка Влада 100 дена пред изборите, дури потоа доаѓа до комплетирање на ДИК“ кажа претседателот на ВМРО ДПМНЕ Христијан Мицкоски.