Македонија 03. октомври 2019. / 13:20

Хови: Не е лек за вашите проблеми членството во ЕУ, сами мора да се борите против корупцијата

Хови: Не е лек за вашите проблеми членството во ЕУ, сами мора да се борите против корупцијата

Членството во Европската Унија само по себе не е универзален лек за проблемите. Владите се избрани да го подобрат животот на граѓаните, а владеењето на правото е од огромна важност, ова во интервју за МИА го вели Џоан Хови, директор за Европа на Истражувачкиот оддел на Економист.

Знаеме дека во цел регион важи правилото дека е многу поважно кого го познаваш, отколку што знаеш. Има големо нетрпение кај луѓето во регионот за да видат дека има промени. Треба сами да се борите против корупцијата и клиентелизмот.

Таа вели дека има голема веројатност Северна Македонија да добие датум за преговори со ЕУ овој месец. Вели дека земјата ги исполни сите услови кои и беа наложени – решавање на спорот со Грција и Договорот за добрососедство со Албанија и оти треба да биде поканета да ги почне преговорите за членство.

Во однос на економските предизвици како тука, така и во регионот, Хови посочува дека на регионот му требаат странски инвестиции, му требаaт искуства од Западот, со цел да ја зголемат продуктивноста.

Владеењето на правото и борбата против корупцијата и против клиентелизмот што преовладува во регионот се од суштинско значење за привлекување странски директни инвестиции, подвлекува Хови во интервјуто за МИА.