Македонија 12. септември 2018. / 09:23

Хашим Тачи доаѓа во Скопје на средба со Заев

Хашим Тачи доаѓа во Скопје на средба со Заев

Претседателот на Косово Хашим Тачи денеска ќе престојува во работна посета на Македонија и ќе има средба со премиерот Зоран Заев.

Владината прес-служба информираше дека Заев и Тачи ќе имаат тет-а-тет средба, по што ќе следува и билатерална средба на делегациите на двете земји.

По завршувањето на средбата ќе следуваат изјави за медиумите на косовскиот претседател и македонскиот премиер.