Македонија 15. јуни 2018. / 22:20

Хан се понудил да дојде во Македонија за референдумот

Хан се понудил да дојде во Македонија за референдумот

Еврокомесарот за проширување на ЕУ во интервју за виенски Стандард вели дека решението на спорот за името ќе има големо значење за целиот регион. Подготвен е и лично да го поддржи успешниот референдум.

Еврокомесарот се понудил на лице место во септември или октомври кога ќе има референдум да се заложи за договорот. Притоа и предупредува дека не би било добро референдумот да се врзува за вонредни избори. Хан верува дека референдумот ќе го добие потребното мнозинство но истовремено и признава дека не можат да се отфрлат сомнежите дали грчкиот парламент ќе го ратификува договорот.

Еврокомесарот е сигурен дека Македонија ќе добие зелено светло на самитот на ЕУ на 28 јуни а потоа на самитот на НАТО во јули и покана за членство во Алијансата.