Македонија 21. декември 2018. / 12:51

Хан: Не можам да дадам точен датум кога Македонија ќе влезе во ЕУ

Хан: Не можам да дадам точен датум кога Македонија ќе влезе во ЕУ

Јоханес Хан, комесарот за проширување на Европската унија, во последното интервју за германскиот финансиски весник Handelsblatt вели дека Македонија се движи напред, но не може да прецизира кога точно би влегла во Унијата.

– Во Западен Балкан земјите се уште се кревки и проширувањето на ЕУ е единствениот начин за мирно стабилизација на регионот. Но, кога тие ќе пристапат во Унијата не можам да дадам точна година. Во однос на исполнувањето на условите за пристапување, Србија и Црна Гора се најблиску, но по решавањето на спорот со Грција, Македонија има добри шанси да се движи напред – рече Хан на едно од прашањата.

Тој вели дека иако не постои јасен датум, сепак, 2025-та е ориентационен таргет од страна на Комисијата за Србија и Црна Гора.