Македонија 19. октомври 2018. / 16:01

Хан на Твитер: Ова се одлучувачки денови за Македонија

Хан на Твитер: Ова се одлучувачки денови за Македонија

Еврокомесарот за проширување на Унијата, Јоханес Хан преку неговиот профил на социјалната мрежа „Твитер“ порача дека ова се одлучувачки денови за Македонија каде претстои гласање за иднината на земјата.

„Ова се одлучувачки денови за Македонија. Пратениците ќе гласаат за историскиот Преспански договор што ги отвора вратите на земјата за евороатлантската интеграција. Ова е гласање за иднината на земјата и позитивните перспективи за граѓаните“ гласи коментарот на Хан на „Твитер“.

Во Собранието во 15 часот ќе започне седницата за уставните измени, каде се очекува пратениците да гласаат, по исцрпувањето на дискусијата. Неофицијално, обезбедено е потребното дво-третинско мнозинство.