Македонија 20. мај 2019. / 13:09

Хан на средбата со Заев ја пофали политичката стабилност на Македонија

Хан на средбата со Заев ја пофали политичката стабилност на Македонија

Премиерот Зоран Заев присуствува на Виенскиот економски форум. Покрај премиерот Заев, воведни обраќања имаа и д-р Томас Арнлоднер, извршен директор на А1 Телеком Австрија Групација и член на одборот на Виенскиот економски форум, како и Јоханес Хан, еврокомесарот за проширување и добрососедска политика.

Како што информираше Заев, еврокомесарот Хан на отворањето на Виенскиот економски форум истакна дека политичката стабилност на Северна Македонија е најдобра во регионот и ги охрабри компаниите од Република Австрија да инвестираат во нашата земја, што значи поголем профит и отворање на нови работни места.