Македонија 07. ноември 2018. / 19:43

Хан ја поздрави заложбата на Мицкоски

Хан ја поздрави заложбата на Мицкоски

Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски на маргините на политичкото Собрание на Европската народна партија (ЕПП) остварил средба со еврокомесарот Јоханес Хан.

Хан на Твитер мрежатa објави дека имал корисни разговори со претседателот на ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски.

– Бев кристално јасен дека ратификацијата на Договорот од Преспа мора да се финализира брзо и без никакви пречки. Ја поздравив неговата заложба да не го опструира процесот во Собранието. На ЕУ интеграции и е потребна конструктивна опозиција – напиша Хан.

– Остварив средба со комесарот за проширување на ЕУ Јоханес Хан. Посочив дека членството на Република Македонија во ЕУ претставува стратешки интерес за ВМРО-ДПМНЕ. Го информирав еврокомесарот Хан и за политичкиот прогон и злоупотребата на правосудството против ВМРО-ДПМНЕ – напиша Мицкоски на Фејсбук, по средбата.