Македонија 30. септември 2018. / 21:34

Хан им честита на малцинството граѓани кои гласаа на пропаднатиот референдум

Хан им честита на малцинството граѓани кои гласаа на пропаднатиот референдум

Еврокомесарот за проширување Јоханес Хан смета дека гласовите “за“ на референдумот се значајни и со тоа се дава поддршка на Договорот од Преспа, не земајќи предвед дека сепак мнозинството од населението, односно 65% од граѓаните не излегоа на референдумот и не дадоа легитимитет на Договорот од Преспа.

– Им честитам на оние кои гласаа денеска на консултативниот референдум и ги искористија своите демократски слободи. Со значајното “да“ има широка поддршка за Преспанскиот Договор и евроатлантската иднина на земјата, напиша Хан на Твитер.

Сега, додаде тој, очекувам сите политички лидери да ја почитуваат оваа одлука и да ја спроведат со голема одговорност и единство ширум партиските линии во интерес на земјата, повика Хан.

Дипломатски извори во Брисел за МИА велат дека се надеваат дека опозицијата “ќе биде поконструктивна од досега“ и дека ќе ја поддржат институционалната процедура.