Македонија 04. септември 2018. / 18:58

Грувески: Судиите се уценети, ова се политички процеси, повеќе не доаѓам на суд!

Грувески: Судиите се уценети, ова се политички процеси, повеќе не доаѓам на суд!

Ова се политички судски процеси. Очигледно е дека правните аргументи не може да ја победат политичката нарачка.Нема да бидеме декор во судница, затоа не доаѓаме во Апелациониот суд. Нека донесат каква сакаат одлука. Мене ме суди политиката, а не судот. ВД претседателот на судот врши притисок да бидам осуден.

Секој кој станал судија знаел дека ќе се најде во ваков момент, а на нарачателите на овој срамен чин им порачувам , се лажете дека ќе ме елиминирате. Мене ќе ме направите поголем, а вие ќе бидете помали. Ниту едно обвинение ниту еден затвор нема да поништи што сум сум направил за македонскиот народ.

Ова е само дел од прес конеренција на Никола Груевски по повод судските процеси против него. Обвини за политички монтирани процеси, и порача дека се прави голема грешка, а дека народот гледа се и знае се. Посочи примери на судии кои се во роднински односи со видни луѓе на раководни функции во СДСМ и повторно седат и судат.

Во врска со објавата дека пред 10 години тој прифатил промена на име , тврди дека и тоа е дел од политичката кампања.