Македонија 19. февруари 2019. / 13:53

Груевски за Пинк: Побегнав од неправедните судски одлуки, а не од правдата!

Груевски за Пинк: Побегнав од неправедните судски одлуки, а не од правдата!

Поранешниот премиер Никола Груевски неодамна имаше интервју за српската телевизија ТВ Пинк во која рече дека Македонија има многу сериозен политички проблем од владата на СДСМ.

Груевски рече дека владата е спремна по секоја цена да уапсат секого, да срушат живот на секого и дека ќе направат се само да го исполнат својот сон. Тој изјави дека веројатно поради тоа народот сега ќе чека шанса, а таа шанса се наредните избори. Народот се чувствува издаден.

Груевски го обвини Заев дека на митинзите велел, дека не постои шанса да се промени името на Македонија, а во емисиите дури и се колнел во своите деца.

Тој во интервјуто изјави дека и дека голем број на елементи во платформата се во спротивност со Уставот на Република Македонија и дека тој не побегнал од правдата, туку дека заминал затоа што требаше да заврши во затвор поради неправедните судски одлуки кои ќе го загрозеле неговиот живот.

Тој рече дека Унгарија е членка на ЕУ и НАТО и во неа можел да добие престој, во кој ќе бил политички заштитен од прогонот од актуелната власт. Се надоврза дека политичкиот прогон врз него е голема срамота за Македонија.

– Од Тирана, преку Црна Гора и Србија стигнав во Унгарија. Како што веќе е познато, превозот ми е обезбеден од страна на унгарската дипломатија. Кога стигнав во Тирана, побарав политички азил, поради политички проблеми. После извесен период бев примен во амбасадата и бев известен дека ќе ми обезбедат превоз до унгарската граница, каде таа држава одлучи да ми даде азил поради политички проблеми. – вели Груевски за Пинк.