Судот во Унгарија денеска го отфрли барањето испратено од Македонија за екстрадиција на поранешниот премиер Никола Груевски, кој во таа држава има добиено политички азил.
Груевски на Фејсбук информираше дека по спроведувањето на процедурите во унгарските институции, судот олучил да не го прифати барањето за екстрадиција, испратено ое макеоднската Влада.
– Денеска спроведена е стандардна процедура на институциите во Унгарија откако криминалната и рекетарска влада во Македонија поднесе барање за екстрадиција.
Судот го разгледа барањето за екстрадиција и одлучи да не го прифати. – напиша Груевски на Фејсбук.