Поренешниот премиер Никола Греувски во првото интервју по добивањето на азил во Унгарија, кажа дека планирал да оди во затвор, иако одлуката не била законска, но бидејќи добил информации дека се планира негова ликвидација, одлучил да замине од државата.
Груевски кажа дека тој не бил под полициски надзор 24 часа, туку полицијата го следела на повик. Кога ќе го оставеле дома, припадниците на МВР си заминувале.
Тој кажа дека имал информации, од доверлив извор, дека во затвор се планира негова ликвидација.
Груевски сакал да ја одлежи затворската казна, иако неправедна, но информацијата за ликвидација го предомислила во последен момент.