Поранешниот премиер Никола Груевски во првото телевизиско појавување откако доби азил во Унгарија, кажа дека еден ден ќе се врати во Македонија.
-Апсолутно дека јас еден ден ќе се вратам, јас не сум дојден тука да живеам. Јас сум дојден тука да се засолнам привремено од политичкиот прогон на власта. – рече Груевски.
Екс премиерот тврди дека е неправедно осуден. Груевски не е разочаран од критиките на блиските соработници, вели дека тие се под тежок притисок. Тој не се лути на реакцијата на екс министерката за внатрешни работи, Гордана Јанкулоска.