Македонија 02. јуни 2019. / 23:01

Груевски: Македонскиот народ одамна немал можност за колективна радост и прослава

Груевски: Македонскиот народ одамна немал можност за колективна радост и прослава

Поранешниот премиер Никола Груевски на социјалните мрежи им ја честиташе победата и европската титулата на Вардар.

Браво Вардар! Честито шампиони!

Браво за играчите, за спонзорот, за стручниот тим и за сите враборени во клубот!
Честитки за огнената публика која ги бодреше!

Одамна македонскиот народ немал можност за колективна радост и прослава.

Непријатни мигови за оние кои посакуваат распад на клубот а сега мораат да честитаат.

Вардар уште еднаш покажа како со многу работа, труд, посветеност, самодоверба, професионален и одговорен пристап, но и со ,,жар и срце,, може да се успее и да се биде најдобар!

Нека продолжат успесите, напиша Груевски.