Македонија 02. февруари 2019. / 20:14

Груевски им помогнал, тие го изиграле – поранешниот премиер говори за соработниците кои му свртеле грб!

Груевски им помогнал, тие го изиграле – поранешниот премиер говори за соработниците кои му свртеле грб!

Поранешниот премиер Никола Груевски во интервју откри дека во ова тешко време се радува што има пријатели кои го поддржуваат, но исто така кажа и дека неколку луѓе што многу им помогнал му свртеле грб.

-Можам да кажам дека висок процент, можеби 90%, препознав дека ми се пријатели, но 10 проценти не. И тоа е едно од придобивките од ова што ми се случува во ова време. Тоа не може да се препознае во нормално време. Сега препознавам и други луѓе кои што биле лицемерни или нешто слично, но тие се малцинство, мене тоа ме радува. – истакна поранешниот премиер.

-На пример ако направам една група од 20 луѓе на кои што многу сум им помогнал, многу, барем половината од таа излегоа дека не се искрени пријатели. – кажа Груевски.