Првиот вицепремиер вечерва во емисијата „Клик плус“ на ТВ21 рече дека казни заслужиле поради неносењето на маски, но затоа и ги платиле.
„Јас ја платив казната од Али Ахмети, другите сите сами си платија, „10 минути пред да се сликаме беше и Зоран Заев. Грешка беше. Беше еуфорија. Како сите граѓани и ние сме еднакви пред законот и си плативме казна“, порача Груби.“, рече Груби вечерва во „Клик плус“ на ТВ21.
Груби платил две казни, една од 500 евра и друга од 20, како што рече од неговата плата.
Казни за непочитување на мерките пристигна, откако пред неколку дена за време на промовирањето на новите канцеларии на Министерството за политички систем и односни меѓу заедниците, функционери на ДУИ без заштитни маски и дистанца, го славеа роденденот на лидерот Али Ахмети и тоа го овековечија со фотографија
Казна од 500 евра доби вицепремиерот и министер за политички систем и односи меѓу заедниците Артан Груби, за кого инспекторатот утврдил дека го прекршил Законот за заштита на населението од заразни болести затоа што како одговорно лице дозволил прослава без заштитни маски.