Македонија 20. јуни 2018. / 14:06

Груби: Ние сме херои како Скендербег и Гоце Делчев бидејќи го менуваме името

Груби: Ние сме херои како Скендербег и Гоце Делчев бидејќи го менуваме името

И кога Скендербег војувал и кога Гоце Делчев војувал, некои ги нарекувале предавници, но тие денеска се нашите херои, рече пратеникот на ДУИ, Артан Груби, на седницата за ратификација на договорот со Грција алудирајќи на тоа што претставници од власта и владејачкото мнозинство беа нарекувани „предавници“ од противниците на договорот.

– Денеска се раѓа вистинско сонце на слободата. Денот утре секако ќе се раздени, а како ќе се раздени зависи како ние денеска работиме – рече Груби и им порача на пратениците дека зеленото копче пред нив е за оние кои ја сакаат Македонија.